МЛАДИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС ЈА ДОБИЈА БИТКАТА СО ДРЖАВАТА – ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ТРЕБА ДА ДОБИЈАТ СЕНЗОРИ

Малата хероина Бисера и сите деца и млади до 18 години, кои имат дијабетес ќе добијат сензори за мерење на шеќер во крвта.

Приказната на Бисера која ја објави Тв Алфа а која е животна приказна на сите деца и млади со дијабетес не остави никого рамнодушен. Плачот конечно го слушнаа и надлежните.

Ова е голема победа на малите борци и нивните семејства кои со години мака мачат и наоѓаат начини како да им го олеснат секојдневието. Единствена замена за десеткратното боцкање секој ден беа само безболните сензори.  

За нив се заложија сите, голем број на акции се покренаа на социјалните мрежи.

Една од акциите беше петицијата со која се повикува Министерството за здаравство да ги обезбеди сензорите за децатра и истата ја потпишаа повеќе од 16.000 лица.

Десетици граѓани кои се надвор од Македонија се понудија да донесат сенозори кога ќе дојдат во државата. Токму затоа и беше отворена донаторска сметка на која секој еден кој сака, може да донира.

И овој пат Македонците како многупати до сега покажаа дека кога државата не мрда ниту со прст, тие се подготвени да подадат рака па дури и своето срце и дел од нивниот скромен домашен буџет за да помогнат онаму каде што е потребно.

Анастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста