Младите повеќе сакаат да заминат во странство отколку да се вработат

Шансите на младите ги бележат црните статистики , со педесет проценти на невработеност од пред пет години, со што, е отвороен процеост на забрзана миграција.

Овие факти денеска беа потенцирани на Саемот на кариера што по четврти пат во Битола го организираше Младинскиот културен центар. Со сите поттикнувачи мерки, за жал мотивирачките ефекти не се постигнати.

-Факт е дека не е ништо постигнато во делот на мотивирање и делот на поврзување помеѓу образованието, пред се стручното образование и бизнис секторот, како и неормниот раст на високообразовни кадри кои не се соодветни за потребите на бизнисот, ја создаваат целокупната слика на оние што завршиле факултет немаат каде да се интегрираат ниту во бизнисот, ниту во општествените работни места, тие први заминуваат.

Одливот на мозоци веќе е завршена приказна, а останува уште да се случи пдливот на работници. Во ова фаза во која што сме, генерално, не само во Битола, 50% од младите во секој град се заминати, а останатите 50% секое утро размислуваат како да заминат од државата- рече Зоран Илиевски од Коалицијата на оргазанизации “Сега“.

Во наредниот период, покрај владините мерки, бизнис- секторот може да одигра клучна улога со подобрување условите за работа, да го зголеми нивото на нето- плата и неопходен е систем на трансформација на процесот од образование до вработување, беше речено на Корнерот за намалување на младинската миграција.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста