Младите незаинтересирани за образование и работа во текстилната индустрија

Се помал е бројот на невработени кои својата егзистенција ја бараат во текстилната гранка. Лошиот имиџ кој го имаат конфекциите си го направија своето.  Компаниите се соочуват со дефицит од работна сила, а во погоните работат постари работнички, кои веќе се пред пензија..  

   „Последиците се прродуктивноста. Тоа се искусни шивачки, квалитетно работат, но со тек на време продуктивноста им опаѓа. И една млада свежа сила и те како ќе предизвика поголема продуктивност и иновативност„-изјави Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилниот кластер

И средното  текстилно училиште во Штип, каде претходно се образувале и кадри од бивша Југославија не ги привлекува идните средошколци. Иако од лани се воведени и нови профили, годинава во прва година се запишале само 17 ученици..

  Дипломите од средното училиште не значи дека треба да работат само на машина. Учениците завршувајки го ова образование се оспособени да работат и сами- изјави-Катица Костова, директор на текстилното училиште во Штип.

За текстилството повторно ќе има светла иднина, доколку се изготви стратегија со која истовремено ќе се опфатат и образованието и бизнис секторот.

   „Овие се посебни гранки и ако успееме заеднички да направиме проект во кој секогаш ќе најдеме начин да ги мотивираме младите, јас не гледам дека нема да има и средошколци и студенти„- изјава проф. Ванѓа Димитриева-Кузмановска-УГД-Штип

За младите да се мотивираат и да гледаат перспектива во оваа индустриска гранка, викендов во Штип беше организирана модна ревија на која се  промовира модели изработени од креативните средношколци.

Александра Ристевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста