Младите до 25 години во Унгарија нема да плаќаат данок за приходи

Унгарците под 25-годишна возраст нема да мора да плаќаат персонален данок на доход од 1 јануари 2022 година, рече премиерот Виктор Орбан. Оваа  мерка  ќе го чини буџетот 363-420 милиони евра.

 По воведувањето на 13-месечната пензија, сега е време да им се даде сериозна можност на младите.  Поради тоа Унгарија нуди најнизок данок на личен доход во Европа, рече тој

 Минатата недела министерот за надворешни работи Петер Сијарто истакна дека  Унгарија е избрана за  една од 10-те најпопуларни дестинации за инвестиции во светот по трет пат по ред.

Во Унгарија следната година треба да се одржат парламентарни избори. Орбан е на власт повеќе од една деценија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста