Млад лекар- специјализант, револтиран од односот на раководството од прилепската Општа болница ?!

         Младиот лекар-специјализант од прилепската Општа болница, Методија Димитриески, револтиран од односот на првиот човек на оваа јавна здравствена установа, преку фб-статус, ги прозва премиерот Заев и министерот Филипче да се заинтересираат за тоа што се случувало во прилепската Болница и како се третирале лекарите – специјализанти.

     „Во изјавата на премиерот Заев – „Градоначалниците од СДСМ да не глумат локални шерифи“, изоставени се и директорите. Имаме еден таков, ни ја води Болницата во Прилеп, па така, колку Министерството за здравство и министерот Филипче пробуваат да не мотивираат, толку тој не омаловажува и деградира. Специјализантите од Прилеп, оваа година за сигурно специјализиравме за КОВИД и ТРПЕНИЕ, а за бонусите, платените дежурства и прекувремените саати, само сме чуле од „посреќните“ колеги од други градови. Аман, или истегнете го за уши, или сменето го“, – напиша на фб, младиот лекар Методија Димитриески, кој не даде изјава во камерата на Алфа, сметајќи дека објавата на фб е доволнона и дека стои зад секој напишан збор.

    За односот на првиот човек на прилепската Болница, негодување изразуваат и други негови колеги, кои јавно пишуваат дека „поради вербалната и вулгарна агресивност на колегата-директор во комуникацијата со помладите колеги, на повозрасните лекари останувало, конечно, работите да ги поставеле на свое место, а на што тие веќе и работеле.

     Со цел да дознаеме што од ова е вистина, одговор побаравме од прозваниот директорот, но тој не се одважи да одговори на нашата телефонска порака. 

Првиот човек на прилепската Болница, неодамна, незадоволен од поставено новинарско прашање, си дозволи на познат универзитетски професор да му „одреди дијагноза“ дека „му фалело штица“.

   Каролина Дурло  

   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста