Мизрахи: Ќе ја разрешите ли и Петровска заради загрозување на европската иднина?

Поранешната министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, која беше разрешена само затоа што одби да ја смени таблата со Република Македонија пред која ги даваше своите официјални изјави, вечерва прашува дали и дополнителната заменичка на министерот за внатрешни работи ќе биде разрешена за истото.
„Дали чинот на давање изјава под името Република Македонија на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска е само пред избори или и се виде напорна работата,па бара куртул од маките? Ќе ја разрешите ли Петровска заради загрозување на европската иднина?“, прашува Мизрахи.
Дали чинот на давање изјава под името Република Македонија на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска е само пред избори или и се виде напорна работата,па бара куртул од маките?Ќе ја разрешите ли Петровска заради загрозување на европската иднина? pic.twitter.com/sq5ol4GdA3
— Рашела Мизрахи (@mizrahiraselaMK) June 11, 2020