Мизрахи: Како држава ние веќе го прекршуваме задолжувањето по Мастрихт, во превод – банкротирани сме!

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, денеска на собраниската комисиска расправа за финансирање и буџет истакна дека земјава веќе го прекршува задолжувањето по Мастрихтшките критериуми или веќе сме банкротирана држава која има јавен долг над 60% или 3,143 евра задолжување по глава на жител.

-Ќе ми простите што не прифаќам климања со глава и аминувања со неанализиран датум, која ја одлучува иднината на граѓаните на државата, затоа што простете иако зборуваме на јазикот на тема за финансии, зборуваме за луѓе, а со тоа одлуката за животот на секој граѓанин не треба да се гледа преку бројки или како сува статистика, вели Мизрахи.

По предложениот ребаланс на буџетот, Мизрахи праша дали има пилот во авионот, па гo посочи следново:

-Во однос на јавниот долг заклучно 30.06.2020 година кој изнесува 402,6 милијарди денари или 6,5 милијарди евра;

-Бројката на население во Република Македонија е два милиони граѓани, па јавниот долг по глава на жител изнесува 193,947 денари или 3,143 евра по глава на жител;

-Јавниот долг како процент од БДП заклучно вчерашниот ден е 60,3%;

Доколку се ревидираат сите макроекономски проекции на ММФ моментално се прогнозира пад од 4,4% и доколку се прифатат новите проекции на Светка банка за пад од минус 4,1 % од БДП, долгот е далеку над 60%, со што далеку ги прекршивме Мастрихтшките критериуми за задолжување на државата или во превод банкротирани сме – посочи Мизрахи.
Мизрахи критикуваше дека власта не треба да се повикува на КОВИД-19 кризата за овој банкрот, туку треба да се навратиме на катастрофалните лошите финансиски политики на власта изминативе неколку години кои ја доведоа државата во банкрот.