Мизрахи: Филипче лажно ја обвинивте опозицијата и лажевте,мерките дури сега ги предложувате како амандмани

На денешната собраниска комисиска расправа во однос на измени на Законот за заразни болести пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, истакна дека министерот за здравство Венко Филипче лажно ја обвинил опозицијата и лажел дека мерките биле вметнати, кога истите сега амандмански се предложуваат.

Министерот Венко Филипче, на 19 октомври 2020 година тој во изјава за јавноста кажа дека Законот за заштита на населението од заразни боелсти е даден по скратена постапка, a во него се вметнати сте предлози, задолжителното носење на маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор, органичување на семејни собири, сметаме дека тоа е пакет на мерки кои може значително да го намали бројот на новодијагностицирани случаи, рече министерот Филипче.

Мизрахи вели дека дискусијата е во тоа што овие мерки не биле вметнати во предлог законот туку сега се вметнуваат со амандмани.

Не можеме ни да стигнеме да ги дискутираме амандманите пред него што вие би признале дела лажно ја обвинивте опозијата дека одбива дискутирање по овие точки, критикуваше Мизрахи на расправата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста