Мизрахи до премиерот: Речиси целото семејство ми настрада од бугарскиот фашистички окупатор

Потсетувајќи на своите роднини жртви на бугарскиот фашистичи окупатор, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, на првите пратенички прашања на овој парламентарен состав, го праша Заев, дали се уште е на ставот дека Бугарија била администратор а не фашист. Мизрахи во Собрание покажа голем број фотографии од своите роднини кои завршиле по логорите, како жртви на бугарскиот фашистички окупатор, велејќи дека само еден од нив преживеал.

-Господине Заев ова Реина Давид Мизрахи, родена 1941 година, била убиена 1943 година, имала две години кога стигнала во Треблинка и каде била стрелана. Господине Заев ова е фотографијава од 1940 година, на нејзе е целото мое семејство, поблиско семејство, товарено во возови од бугарскиот фашистички окупатор, 43 година, само еден од нив преживеал, тоа е најлево, тоа е мојот дедо, јас сум негов наследник, изјави Мизрахи. 

Заев пак се почувствува повреден од ваквиот настап на Мизрахи. Сепак остана на ставот, вели не можеме сите Бугари да ги нарекуваме фашисти, поради една администрација која била некогаш во минатото.

-Вие се трудите веројатно да ме повредите, со тоа што како тоа го зборувате, но преку вашите зборови и дејствија вие всушност исполнувате само ваш личен интерес, вие немате злоба во тоа затоа што сте семејство кое што патело за време на фашизмот, изјави Заев.

Дел од темите на кои пратениците прашуваа беше и економијата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го праша премиерот каде завршиле 1,6 милијарди евра, дупка направена од буџетот за 2020 предвидени во буџетот за 2021 година. И Николоски се осврна на темата со Бугарија. Го запраша Заев, дали е свесен каква грешка направил со формирањето на заедничката историска комисија, со која му дал шанса на Борисов да не блокира кога сака.

-Имајќи предвид дека подолго време зборував дека треба да е човек политички аматер на Балкан да се согласи за иднината на народите и државите да решаваат комисии за историја, во услови кога секој има своја интепретација на историјата. Не две држави, два града не можете да најдете кои имаат истата интерпретација за одредени настани, изјави Николоски.  

Заев пак порача дека воопшто не се кае, велејќи дека секој договор е добар, а евентуални промени во истиот би ја вратиле Македонија во според премиерот балканското сивило.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста