Мицкоски: „ВМРО е кодот на Македонија и чуварот на македонскиот оган цели 126 години“

„Никогаш македонскиот народ не живеел потешко од сега, никогаш не бил олку несреќен, сиромашен и понижен. Работниците се бркаат од работа, платите доцнат со месеци, земјоделството е на колена, младите се исселуваат масовно, а пензиите тапкаат во место.
Ете, затоа Зоран Заев ќе падне, и тоа силно ќе падне“, порача денеска од Прилеп, лидерот на опозицијата Христијан Мицкос
ки.

Но, и покрај ќорсокакот во кој оваа Влада ја донесла земјава, според Мицкоски, после 12-ти април, Македонија, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, повторно ќе застанела на здрави нозе, обновена и реформирана.

Одговарајќи на новинарско прашање, што ќе се случува во земјава до формирањето на техничката влада, Мицкоски рече дека очекува интензивирање на злоупотребите и криминалите во институциите, и притоа препорача максимална внимателност, особено кај админситрацијата, зашто после 12-ти април, сите подеднакво ќе одговарле пред законот и дека немало да има место за никакви комприси со никого.

Каролина Дурло