Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема трпение, потребно е обединување

Во своето обраќање како дел од кампањата „Обнова“ Мицкоски изјави дека како партија му дале шанса на процесот на пристапување во ЕУ и дека „17 октомври е денот кога завршува концесијата“, ден кога завршува трпението и ги повика сите да се придружат за, како што рече, да изгрее вистинското сонце на слободата во Македонија.

– Од денеска за опозицијата 24 часа на ден домот ќе биде плоштадот, улицата, вратата на нашите соседи и нашите сограѓани ширум целата Македонија. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска започнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, рече Мицкоски.