Мицкоски: Проектот Катица Јанева е завршена приказна, СЈО не ги исполни очекувањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Отворено на Алфа посочи дека проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполни очекувањата за тоа за што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните.

„Можам да кажам дека СЈО не само што не ги оправда очекувањата кога беше формирано, туку напротив целосно ги разочара и тоа е јасно видливо и на анкетите и оние мерења на мислења на граѓаните какви мислење имаат тие за СЈО, чија алатка, во чии раце е СЈО“,  вели Мицкоски.

Во врска со неговата средба со Јанева тој вели дека таа истата ја експлоатираше по медиуми, но на истата не успеала да го убеди во нејзините капацитети и потврдила дека нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво.

„Не само што не успеа да ме убеди во нејзините капацитети како човек туку и нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво и  ја пропушти својата шанса да биде Специјален јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правото и правдината. Таа се претстави во едно лошо светло и не ја заслужува поддршката ниту таа ниту нејзиниот тим, освен 2-3 луѓе кои се разликуваат од неа“, нагласи Мицкоски.