Митева: Со одлука на владата се потврдени условите за унгарскиот кредит
Владата го потврди договорот со банките за парите од унгарскиот заем кои се наменети за стопанството. Со ова е отворен патот за средствата кои ќе придонесат за технолошки напредок, инвестиции и развој на бизност. Со заклучокот усвоен од министрите на владина седница се потврдени веќе познатите услови за фирмите според кои ќе добијат дел од евтиниот финасиски колач . Фирма ќе добие максимум до 10 милиони евра по фиксна каматна стапка од 1,95 отсто, а отплатата е до 15 години. Ќе се плаќа квартално по завршување на грејс периодот до три години, а услов е фирмата да има 20 отсто сопствено учество од вкупната вредност на инвестицијата.
Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост, вели Марија Митева.
Средствата од кредитната линија ќе бидат наменети за инвестиции во нови машини и опрема, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија, а ќе може да се инвестира во нови софтвери. Исплатата ќе биде по доставена фактура со цел да нема злоупотреби
Заемот од Унгарија е во износ од 500 милиони евра . 250 милиони евра се наменети за капитални инвестиции за општините за што веќе се потпишуваат договори, а останатата половина за бизнисот. Со инвестициите во јавниот и приватниот сектор ќе се поттикне инвестициски циклус и раст на економијата кој во буџетот за 2025 е проектиран на 3,7 отсто. На овој начин, според Премиерот , државата ќе се спротистави и на евентуалната економска криза која би се случила како последица на кризата во автомобилската индустрија во Европа.