Митева: МОН признава дека платформата е нефункционална

На ден пред официјалниот старт на училишната година, образованието кое е клуч за креирање и одржување на државата е сеуште во фаза на тестирање. Родителите, учениците и наставниците се најзасегнати, Синдикатот за образование наука и култура алармира за бројни недостатоци, а надлежните бараат трпение, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Универзалниот опфат за квалитетно образование достапно за сите деца е клучен приоритет на современото општество.

Ние поддржуваме големи секторски реформи и процеси со кои ќе се обезбеди квалитетно образование, но со вистинска, реална функционалност. Напротив, добиваме информации дека предизвиците ВЕРОЈАТНО ќе се надминат. Сведоци сме на празни зборови. Ни недостасуваат дела.

Дали цел овој месец ќе помине во неуспешни обиди и адаптација, додека се презентира нова современа и нормална настава?

Дали Министерството за образование и наука може да состави план, стратешки приоритет со конкретни чекори и насоки, како до квалитетна учебна година за сите чинители во образовниот процес?

И конечно, дали Министерството за образование и наука признава дека платформата, која не убедуваа дека е најдоброто решение не е добра, не е функционална и се пренасочуваат кон друга?

Реакциите стигнуваат и од студентите, велат мобилната верзија не е воопшто функционална. Промоцијата за користење на платформата на 5 наставни јазици за жал не ги вклучува ромите и ромскиот јазик, за чие прашање јавноста чека писмен одговор од Министерството за образование и наука.

Јавните прашања се безбројни, а одговори се помалку.

Дополнително, во време кога постојат бесплатни оперативни системи, бесплатни мрежни сервиси, бесплатна замена за Офис програми, Владата предводена од СДСМ финансира софтверски лиценци, но залудно.

Училиштето значи функционирање на општествениот систем како целина. А ние денес сме сведоци на неуспешна платформа.

Образованието во својата модерна, дигитална форма, е уште еден во низата ваши неуспешни обиди.

Доколку учебната година не започне утре, ја повикуваме Мила Царовска да си поднесе оставка од позицијата Министер за образование и наука, порача Митева.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста