Митева: 200 проценти поголем буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација во 2025-та година

Митева: 200 проценти поголем буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација во 2025-та година

Вкупниот проектен буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација за 2025 година е поголем за 200 проценти, споредено со претходните години – од 154 милиони денари во 2023, 182 милиони денари во 2024, на 365 милиони денари во 2025 година, информираше денеска портпаролот на Владата, Марија Митева.

Нашата цел како Влада, нагласи Митева, е да го трансформираме македонското општество во дигитално општество. – Дигиталната трансформација значи посилна поврзаност и подобра иднина за сите нас.

Затоа за само неколку месеци по преземањето на власта предвидовме нови 80 електронски услуги, зголемена поврзаност на институциите и фокус на сајбер безбедноста.

Преку овие проекти и вложувањето во дигитализацијата ја осигуруваме нашата позиција во дигиталниот свет, истакна Митева.

Во делот на поединечните проекти за 2025 година предвидена е изградба на современ примарен податочен дата центар во Скопје, каде сите органи на државната управа ќе ја ко-лоцираат својата опрема.

– Со ова државата ќе оствари значителни заштеди за ко-локациски услуги.

Тоа значи вклучување на ладење, безбедносни системи, противпожарни системи, надзор и одржување на просториите, а од друга страна ќе овозможи забрзана дигитална трансформација, изјави Митева.

Очекувана вкупна сума на проектот, посочи Митева, е до 40 милиони евра, а со Буџетот за 2025 година предвидени се два милиони евра за изработка на физибилити студија и утврдување на локацијата и начинот на обезбедување на одржливост.

Обезбедени се и 40 милиони денари во Буџетот и преку останати проектни фондови.

Митева најави дека Владата ќе работи на дигитализација на најупотребуваните јавни услуги за граѓаните и компаниите – електронско испраќање барања и добивање на потребните документи преку компјутер или паметен телефон.

– Се дигитализира добивањето државјанство во МВР, услугите на Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Катастарот.

Тоа значи дека ќе обезбедиме повеќе од 200 нови услуги на порталот на uslugi. gov. mk, што ќе ја дуплира бројката на достапни услуги, изјави Митева.

Преку проектот во вредност од 60 милиони денари ќе се работи и на системско поврзување на институциите за споделување на документи.

Засега само 20 институции користат заеднички систем за електронско работење, а со проектот тој број ќе се зголеми за најмалку 10.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста