Мистериозната Јелена од Србија или дојранското девојче: По сите реков- одреков изјави, Заев се заплетка и за првата девојка

Премиерот Зоран Заев имал најмалку две први девојки. Барем доколку може да се верува во неговите изјави. Едната ја откри во интервју за Курир.рс, другата пак во тек на предизборна кампања пред четири години. Откривајќи дека првите милиони ги заработил продавајќи суви пиперки, македонскиот премиер кажа дека на пазарот во Горњи Милановац ја запознал мистериозната Јелена, која била негова прва девојка.

-Моето име е врзано за Србија, мојата младост е врзана за Србија, сè што работевме, целиот наш семеен капитал поврзан е со Србија. Првата девојка ја имав од Горњи Милановац. Преубавата Јелена. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки и краставици на пазарот во тоа место, вели Заев во интервју за српски Курир.

Сепак интересно Јелена пред четири години не беше првата девојка на Заев, тогаш беше некоја која што ја како што самиот кажува фатил во Дојран.

-Јас иако сум од Струмица, ја поминав младоста овде по плажите во Ачико, на Мрдаја, градската плажа, овде прв пат девојка фатив. Овде се најубавите моменти од мојот живот, велеше Заев пред четири години.

Токму ваквите изјави на Заев предизвикаа бура реакции на социјалните, дел шеговити, дел пак од граѓаните прашуваат може ли да му се верува на човек кој не ја говори вистината ниту кога е првата девојка во прашање.

-Да нема недоразбирање. Заев имал прва девојка од Горни Милановац, а Зоќе имал од Дојран, пишува еден твитерџија.

-Само со тебе си праќам писма!

*пратено до Дојран, Горни Милановац и Струмица, пишува друг твитерџија.

-Се бара Јелена од Горни Милановац…. СВЕ ЗА ЉУБАВ НА АПАРАТИ, се вели во уште еден твит.

Инаку ова не е прв пат да се појават сомнежи кога е во прашање вистинитоста на зборовите на Заев. Тој претходно се колнеше во најмилите дека нема да дозволи промена на уставот на државата со цел промена на уставното име. Изјава која на крајот излезе невистината, ако се знае дека уставот беше променет поради договорот со Грција и покрај тоа што референдумот за ова прашање беше неуспешен.

-Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија да излезе пред Парламент да бара промена на устав, заради промена на уставното име, изјави Заев во минатото.

Заев сега ветува дека нема да дозволи да се чепка во македонскиот јазик и идентитет како дел од спорот со Бугарија, но се поставува прашањето дали може да му се верува откако ветуваше и дека нема да го менува уставот, а различни изјави дава дури и кога е првата девојка во прашање.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста