Мистерија: кој ги купи парцелите во Охридската индустриска зона за багателна цена?

Кој ги лапна 2-те парцели во индустриската зона Мауцкер кои општина Охрид ги продаде по пат на јавно наддавање за багателна сума од 71 денар по метар квадратен? Се работи за градежно земјиште сопственост на РМ со вкупна површина на парцелите од 21.589 метри квадратни. Од локалната самоуправа побаравме информација кој е сопственик на земјиштешто кое го купи за близу 25 илјади евра,која е намената и што е предвидено да се гради на локациите,но не ни одговорија. Потврда за продадените локации добивме од секторот за урбанизам,но и од таму не откриваат кој е купувачот оти течел рокот за приговори.

Инаку според објавата, општината на продажба понуди 4 локации во Мауцкер со почетна цена од 1 евро, за што требаа да приложат висока банкарска гаранција која за една од парцелите на пример изнесуваше 925.000 денари, а го обрзува купувачот во рок од 15 дена да го плати целиот износ на продадената парцела.Во дополнителните услови меѓудругото стои дека на продажбата може да учестуваат домашни и странски физички и правни лица кои вопоследните 3 години од работењето оствариле минимален износ на вкупни приходи кои се движат од 100.000.000( милиони) до 150.000.000,00 ( милиони ) денари или во ерва-било 2 и пол милиони,со број на вработени кој се движи од 15 до 25 лица. 

Ова дотолку повеќе го провлече вниманието на јавноста,кој е соптвеникот на компанијата која остварува вака високи приходи, и зошто му е земјиштето на Мауцкер со кое се офајди купувајќи го за смешна цена.Општината го продаваше по едни евро,а ги продаде за 1 евро и 15 центи.

Во објавата стои дека намената на градежното земјиште е лесна и незагадувачка индустрија во која влегуваат сите видови произвотство кои не побаруваат многу енергија,не создаваат голем промет на суровини,матерјали и сообраќај.Дали ова значи дека според новиот правилникот за урбанистичко планирање донесен на 18-ти септември годинава,согласно класификацијата на намената на градбите на продадените парцели ќе се гради асфалтна и бетонска база ? Јавноста шекулира дека повторно се враќа во игра Нефи Усеини со неговата бетонска база.Во телефонскиот разговор Усеини на шега и помалку зајадлово рече дека купил не 4 туку 14 локации и оти не само бетонска, туку ќе правели воена база.Тој ниту ја потрди, но ниту ја демантира инфамацијата дека е новиот газда на Мауцкер. 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста