Мисовски ќе ја предводи собраниската делегација утре во Крушево

По повод 2 Август – Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија, на 2 август 2020 година (недела), ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:
- Собраниска делегација, во состав: Татјана Прентовиќ и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:
– 09:00 часот – Споменик на АСНОМ, Парк „Жена борец“;
– 09:10 часот – Споменик на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија;
– 09:20 часот – Споменик на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“
– 10:05 часот – Споменик Сила, слава и победа – Tврдина Кале.
- Собраниска делегација, во состав: Мирослав Јовановиќ, Благица Ласовска и Реџаил Исмаили, ќе положи венец свежо цвеќе во:
– 11:00 часот, Меморијален центар АСНОМ, Пелинце.
- Собраниска делегација, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, во состав: Хари Локвенец и Дафина Стојановска, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:
– 10:30 часот – Гроб на Никола Карев;
– Споменик на Слива „На хероите на Слива“;
– 11:45 часот – „Мечкин Камен“.