Мисајловски оствари средба со амбасадорката Н.Е Симона Франкел на Израел
Денеска остварив средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е Симона Франкел, објави Владо Мисајловски, министер за одбрана.
На средбата разговаравме за можностите за продлабочување и унапредување на одбранбената соработка помеѓу двете земји како и за билатералните односи кои се пријателски и силни.
Продолжуваме да соработуваме во областите кои се од заеднички интерес, потенцира Мисајловски во објавата на фејсбук профилот.
https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/1107711094061964?ref=embed_post