Мирна новогодишна ноќ во Охрид

Охрид новогодишно, блесна во полн сјај,туристичкиот центар ја собра Македонија во мало. Домаќините и илјадниците гости заедно одбројувајќи на глас, ја дочекаа 2022-та.Многу радост, бакнежи и прегратки- се овековечуваа спомени ,се посакуваа желби. На градскиот плоштад беше весело,оставајќи ја зад себе старата година,присутните зборуваа за своите скромни очекувања во секојдневното битусување.

Во заспаниот туристички центар беше живо,сите се препуштија на забавата која ја приредија неколку наши музички групи,а во новата година не внесе Верица Ристеска  која ги испеа најубавите македоноски евергрини.Меѓу стутканите, со шалови и капи присутен беше и таткото на градот,тој вети динамично работење за решавање на најгорливиот проблем –спасување на удавената во долгови општина.Пецаков посака брзо надминување на здравствената и енергетска криза со која се соочува Македонија,а потоа и се обрати и на своите сограѓани.

-Секако дека им посакувам многу среќа, здравје и успех во новата 2022 година, на крај на краиштата најбитно е да бидеме здрави и живи сите .Всушност пред нас претстои една предизвикувачка година за која се недевам дека на крај ќе заврши добро за сите, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Инаку,Охрид синоќа ликуваше во мирен амбиент, без инциденти но од итната медицинска помош велат дека имале полни раце работа.Биле донесени во алкохолизирана состојба претежно малолетници,но она што сериозно загрижива се големиот број прегледи на  лица кои побарале помош а дошле со многу висока температура. Докторите со апел до граѓаните да се чуват,паметно да се празнува, да се избегнуваат групирање,да се носат маски,оти котонавирусот повторно ќе ги наполни болниците.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста