Мирен тек на гласањето- граѓаните поделени во очекувањата

На шестите претседателски избори македонските граѓани го избираат петттиот шеф на државата од осамостојувањето. Иако се забележани СИТНИ неправилности на некои избирачки места, гласањето се одвива во мирна атмосфера.

Екипа не телевизија Алфа го посети скопското училиште Живко Брајковски во општината Бутел. Избирачките одбори кои ги посетивме, соопштуваат ДЕКА избирачките места се отворени на време, гласањето тече според правилата, и не очекуваат проблеми до крајот на изборниот ден.

Граѓаните кои денеска излегоа на гласање се надеваат на победа на кандидатот за кој гласале. Дел очекуваат подобра иднина, дел пак немаат немаат некоиу големи очекувања.

Целиот процес со статични и мобилни тимови го следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи. Свои набљудувачи имаат и повеќе амбасади на странски земји, а во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи. Дојдени се и голем број новинарски екипи од регионот.

Матеја Петровски