Mирен изборен ден во Полошко

Изборниот ден во тетовско-гостиварскиот регион засега поминува во мирна атмосвера.Протоколите за заштита на граѓаните генерално се почитуваат.Пред влезовите во избирачките места гласачите задолжително ги дезинфицираат рацете,а се носат и маски.До ОИК засега нема поднесено приговори за неправилности или поголеми проблеми.

И во руралните средини гласањето засега се одвива непречено,во мирна атмосвера, со почитување на протоколите за заштита.Во Брвеница,каде има запишано 15 540 гласачи, излезноста до пладне е над 10 проценти.

Во претпладневните часови најголем број од гласачите беа повозрасни лица, кои велат решиле порано додека нема гужви да го исполнат своето избирачко право.Граѓаните очекуваат изборниот ден да помине мирно и демократски.

Во Тетово и Гостивар излезноста до пладне беше над 10 проценти.Од општините во полошко пак,во овој период најмала излезност,односно под 10 проценти имаше во Желино, Врапчиште и Боговиње.

Милена Вучевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста