НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство допрва ќе испитува за скандалот со Заводот за рехабилитација, Шабани не сака да коментира за нејзиното разрешување

Министерството за здравство допрва ќе испитува за скандалот со Заводот за рехабилитација, Шабани не сака да коментира за нејзиното разрешување

Скандалот со вработени во Заводот за рехабилитација кои не одат на работа, а земаат плата за кои алармираше веќе поранешната директорка Миранда Шабани ги размрда надлежните, но само декларативно. Алармот на Шабани, која експресно беше разрешена откако не сакаше да потпише плата за вработените додека не се расчисти скандалот со лица кои биле на список а не оделе на работа, допрва ќе се проверува од страна на министерот за здравство. Алфа стапи во контакт со Шабани, која во случајов е единствената жртва за случувањата во оваа установа. Видно револтирана таа вели дека се што имала да каже веќе го кажала. Повеќе информации за тоа што се случувало во Заводот додека таа била на раководното место не сака да споделува.

Не сакам да разговарам повеќе за случувањата во Заводот за рехабилитација, изморена сум, и не немам што повеќе да откривам.Кажав тоа што го знам – вели Миранда Шабани.

Дали, случајот за наводите дека се исплаќале пари на лица кои од дома не работеле, ќе оди во рацете на обвинителството, се зависи од тоа што ќе биде епилогот од надзорот на Министерството за здравство.

Министерот Меџити пред неколку месеци најави дека ќе ги укине двојните менаџери односно нема да постои функција “организациски директор” на Клиниките и останатите здравствени установи за да се заштедат пари, но од тоа засега нема ништо.

Инаку, сегашните 30 –тина медицински и исто толку организациски директори, како и управни одбори во секоја здравствена установа на Клинички или околу 200 функционери, граѓаните ги чинат околу 1 милион евра. Речиси сите министри последните 6 години најавуваа дека ќе ги укинат организациските директори, истото го вети и СДСМ во предизборната програма 2016-та. Но, тоа не се случи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста