Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала за студентите на УКИМ

Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала за студентите на УКИМ

Министерството за спорт обезбеди средства во буџетот за реконструкција на спортската сала при УКИМ. Ова е од особено значење за спортот бидејќи во неа се изведува настава за над 1.500 студенти на универзитетот, објави министерот за спорт Борко Ристовски.

– Во ректоратот на УКИМ денеска одржавме состанок со рекоторката на Универзитетот, проф.д-р Биљана Ангелова, проректорите и универзитетски професори, на кој се утврди заеднички акционен план за реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“. Иако оваа сала не е наша надлежност и владение, во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, напиша Ристовски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста