Министерството за финансии го фаворизира Анѓушев, коморите лути

Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев не бил ангажиран во Советот за фискални мерки против Ковид-19 како претставник на Стопанската комора, туку како докажан бизнисмен и познавач на работите – тврди министерката Нина Ангеловска. Фаворизирањето на Анѓушев од министерството за финансии наиде на жестоки реакции на останатите комори кои беа изоставени. Имено тој е единствениот бизнисмен кој бил поканет да биде дел од ова тело.

Претседателката на Сојузот на стопански комори вчера директно ја праша Ангеловска зошто се лажело дека Анѓушев е претставник на комората и колкаво влијание имал тој во донесување на одлуките. Обвинува дека наместо претставници на малите фирми со финансиски проблеми, министерството си избрало олигарх да ги советува.

Од министерството за финансии уверуваат дека 10-те членови на Советот не земаат надомест за нивното учество и експертиза во Советот. Инаку Анѓушев од една страна е член на телото кое дебатира за мерките за помош на бизнисите, но од друга и самиот, преку неговите фирми добива државни пари. Компанијата „Брако“ доби над 100 илјади евра за исплата на плати во април, но и 140 илјади евра за поставување на мобилната болница близу Инфективната клиника во Скопје. Не ретко неговите компании победуваат на државни тендери. Ова предизвика низа негативни реакции во јавноста.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста