Министерства за политички пазар наместо за спроведување проекти – министри се менуваа како чорапи

Министерства за политички пазар наместо за спроведување проекти – министри се менуваа како чорапи

По пет министри за здравство и информатичко општество и по четворица во култура и образование – за седум години владеење на оската СДСМ – ДУИ, се менуваа министри како чорапи. На столчињата во труд и социјална политика и локална самоуправа, во два мандати седнаа по тројца луѓе. Кадрите се менуваа, ама дали и кој го исполни она што го вети? Се чини дека овие претумбации повеќе се случуваа заради политички пазар и спас на владина коалиција, отколку за најавувани капитални проекти кои никогаш не се случија.

Во секторот здравство, се започна со Арбен Таравари, но тој беше кратко на функцијата од јуни 2017 до октомври истата година. После настапи Венко Филипче, кој најдолго остана на министерската фотелја но и во чие време се случија многу скандали и трагедии. Во корона кризата Македонија беше меѓу земјите со највисока стапка на смртност, вакцините стигнаа последни кај нас, и тоа со донации и помош од соседите, се случи трагедијата кај модуларна болница во која изгореа 14 пациенти – тој поднесе оставка, но тогашниот премиер Заев, кој важи за исклучително близок до Филипче, не ја прифати.

Беким Сали, Фатмир Меџити, Илир Демири – министерството го водеа по една година. Актуелниот ќе остане запаметен по скандалите на Токсикологија. Тој упорно ја брани директорката која незаконски вработуваше, и не знае македонски јазик а е на толку висока позиција. Ниту еден не го оствари капиталниот проект најавуван од повеќе влади – Клинички центар во Скопје.

Во секторот култура, најзапаметена ќе остане Бисера Костадиновска Стојчевска. Нејзината амбиција и посветеност на работата ги „изненади“ сите, кога уште како пратеник во скафандер отиде да гласа во Собранието. Во следниот мандат на владата, стана министерка, на која не и текнуваше, какви проекти се реализирани во ресорот кој таа го води.

Пред Стојчевска, на чело на Министерство за култура беше Ирена Стефоска, во чие време Охрид беше на чекор да го загуби статусот во УНЕСКО, тогаш опозицијата обвинуваше дека таа ситуација се должи на некадарноста во надлежната институција. Незапаменета катастрофална состојба која се уште трае беше забележана и на Скопскиот аквадукт и Скопското кале.

Пред Стефоска, ова министерство го водеше Асад Адеми, а пред него Роберт Алаѓозовски.

Рената Дескоска, Арбр Адеми, Мила Царовска и Јетон Шаќири. Четворица министри, и катастрофална состојба во образованието. Тука не можеме да зборуваме за капитални проекти бидејќи исходот е – две години без учебници.

Неговата претходничка Мила Царовска, ќе остане запаметена по реформите во образовниот систем. Таа сакаше да воведе електронски учебници, а сега децата немаат ниту обични.

Влези излези правеа и министрите во Информатичко општество и администрација. Политичките пазари помеѓу СДСМ, ДУИ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, секогаш се истураа овде. Ниту еден од петте министри не успеа да ја намали администрација, за која дури и екс премиерот Ковачевски своевремено алармираше дека е пренатрупана и голем дел од буџетот за одлива за оваа намена.

Министерството за труд и социјална политика, кое последно го водеа Јагода Шахпаска и Јована Тренчевска, го одбележа милионски криминал со над 2200 незаконски исплаќана на социјална помош, без исполнети критериуми.

Македонија има и министер за локална самоуправа, ама ретко кога го гледа. Ристо Пенов на функцијата дојде по оставката на неговиот претходник Горан Милевски во 2022 година. Во времето на Сухејл Фазлиу, во 2018 година преку министерството за финансии беше донесен закон за отпис на општинските долгови. Државата со три милијарди денари ги подмири долговите на општините без барање одговорност од градоначалниците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )