Министерот за спорт Борко Ристовски со Горан Пандев во посета на летниот камп во Дојран
Министерот за спорт Борко Ристовски и македонската фудбалска легенда Горан Пандев денеска го посетиле летниот камп во Дојран кој го организираше Федерацијата на училишен спорт.
„Денес заедно со фудбалската легенда Горан Пандев, го посетивме летниот камп во Дојран организиран од Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија. Имавме можност да ги запознаеме младите спортисти, да ги инспирираме и мотивираме со нашите искуства. Заедно ја истакнавме важноста на спортот во градењето на здрави животни навики и тимски дух“ напиша министерот за спорт, Борко Ристовски.