Министерот за правда Игор Филков во посета на Приштина
Министерот за правда Игор Филков очекува позитивен исход за екстрадицијата на двајцата бегалци од случајот „Монструм“ откако оствари билатерална средба со косовската министерка за правда во Приштина.
Барањата за екстрадиција косовските власти веќе ги препратиле до специјалното обвинителство на Косово, па Филков очекува дека по повеќе од една деценија се отвара патот за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата осудени за тероризам за петкратно свирепо убиство што се случи на Смилковското езеро во 2012 год.
На средбата со министерката за правда Албулена Хаџиу станало збор и за осудените за тероризам во случајот „Диво насеље“ и нивната здравствена состојба за која кодовските власти се интересирале.
Како и за приведувањето на косовски државјани од страна на Србија, а имплементација од страна на Македонија. Таков беше случајот со поранешниот командант на Учк, Блерим Рамадани кој успеа да избега од домашен притвор од Македонија, а беше уапсен по издадена потерница на Интерпол од српска страна.
Тој е баран од Србија за пет воени злосторсва врз Србите на Косово. Меѓу другото на средбата станало збор и за унапредување на соработката на правосудните институции како и соработката за нотаријатот извршувањето адвокатурата и медијацијата.
Утре делегацијата од македонското министерство за правда ќе одржи средба со државниот обвинител на кодосо како и посети на косовскиот парламент и Судскиот совет.