Министерот за образование не е потресен што дел од училиштата немаат греење

За да не мрзнат во училишните клупи бидејќи нема греење, учениците посебно во дел од скопските општини се принудени да ја следат наставата онлајн-таков е случајот со средното училиште “Здравко Цветкоски” каде веќе една недела децата наставата ја следат од дома. Министер за образование Шаќири,вината ја префрла на општините,тие требало да ги менаџираат образовните институции.

Училиштата треба да се обратат во локалните самоуправи,ќе треба да се обратат до општините,ако општините проценат дека не можат да помогнат во ситуацијата, ќе треба да се обратат до Владата, после Владата и  еконономските ресори ќе треба да одлучуваат за тие  потреби рече Јетон Шаќири –мин. за образование.

Шаќири тврди дека до сега само 4 училишта побарале наставата да ја држат онлајн и уверува дека проблемот со греењето во едно скопско училиште ќе бил надминат во понеделник, а средношколците ќе врателе во училишните клупи.

Но не една мака, ресорниот министер денеска во Охрид и Струга зборуваше за унапредување на средното стручно образование во услови кога во добар дел од струните училишата во земјава децаата не од каде да учарт, бидејќи немаат  учебници. Се снаоѓаат сами, фотокопираат, спушаат предменти од интернет , преведуваат книги од српски јазик.Од Центарот за стручно образование признаваат деака е тоа голем проблем кој се провлекува со години.

Нормално на сите родители ни е и мене како родител ми претставува проблем,меѓутоа јас кажувам тоа што е направено, од наша старана.Од страна на Центарот се дадени 147 позитивни мислења за книгите, до тука е нашата надлежност, после другото има други институции надлежни за тоа-рече Шериф Мифтари-дир.на Центар за стручно образование.

И додека на учениците ништо не им знаат издадените мислења,бидејќи книги немаат, министерот за образование вели дека комунцирал со педагошката служба во министерството и оти се разгледувала можноста учениците да имат учебници по сите предмети, ама од први септември, за следната учебна година.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста