Министерот ги игнорира производителите на ориз, ќе се активираат протестите кои беа ставени во мирување

Ниту субвенции, ниту повисока цена. Оризопроизводителите ја губат и последната надеж. Аберот од министерот што требаше да го добијат најдоцна до петок , се уште го нема. Гневни се бидејќки на многу семејства  од кочанско  им престои новогодишните празници  да ги дочекат со празна трпеза.  Од Иницијативниот одбор велат звршителите им дишат во врат, а државата целосно ги заборави. Не се исполнети ниту ветувањата  дека парите од субвенциите ќе  легнат до крајот на годината. Остануват уште пет дена до крајниот рок, а најава за исплата се уште немат…

   „Министерот ветуваше дека субвенциите ќе бидат исплатени до крајот на годината. Субвенциите значат сервисирање на сите долгови, облека, струја, огрев и да останат пари за да ја дочекаме Новата година и Божик како сите граѓани. Оризарите и земјоделците се најзагрозена категорија и ако се продолжи вака, ќе станеме социјални случаеви„- изјави Здравко Арсовски…

Оризопроизводителите не се опфатени со ниту една ковид мерка, со образложение дека земале субвенции. За нив ова е неприфатливо. На министерот му дадоа нов рок. Протестите ги одложија до вторник, во спротивно излегуваат на патиштата и ќе останат се додека не им се реши проблемот…

   „Ако има 600кг, по 20 ден. Тоа се 12.000, а ние 11,5000имаме за трошоци. Јас не знам каква е таа математика и да кажуват дека ние земаме субвенции . Еве сите од ковид мерката зедоа по 6000, само ние не. МИслам дека не е во ред. ДРжавата мора да преземе нешто. Ако не земјоделците ќе ја земат судбината во свој раце .Со мотики и вили . НИе немаме ни пушки ни пиштоли, ама имаме вили и ќе се бранеме колку што можеме„-изјави Здравко АРсов

 МИнатата недела Иницијативниот одбор одржа средба со министерот за земјоделие. Најголем дел од барањата им беа отфрлени. Министерот им вети дека најдоцна до петок ќе разговара со откупувачите за  оризовата арпа се продава од 25 до 30денари. Поради ниската цена, околу 70% од овогодинешната жетва се чува во амбарите, поради што е загрозана егзистенцијата на илјадници семејства . . 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста