Надлежните дома, подредените изложени на ризик на работа

Надлежните дома, подредените изложени на ризик на работа. Додека министерот Манчевски, директорката на УЈП Лукаревска и десетици службеници во Управата за јавни приходи, Министерството за здравство и Државниот санитарен инспекторат се во самоизолација поради позитивниот корона тест на Мухамед Зекири, јавната администрација истовремено целосно се враќа на работа, освен оние во училиштата и градинките. Дополнителната заменик министерка за администрација Невенка Стаменковска предупредува дека илјадници животи на вработените во јавниот сектор се доведени во ризик по два и пол месеци седење дома. Алармира дека административците не се заштитени на работа и дека треба дел од службениците да работат од дома освен во институциите каде навистина има потреба од физичко присуство.

„Вработените кои се распределени и патуваат надвор од местото на живеење да бидат вратени во матичната институција или веднаш да бидат ослободени од патување за да се заштитат нивните животи и нивните семејства. Функционерите на СДСМ за кој добив известување дека не ги почитуваат мерките и препораките веднаш да бидат санкционирани и повикани на одговорност. Апелирам да се ослободат сите вработени кои немаат безбеден и редовен превоз до нивното работно“ – пишува Стаменковска на фејсбук.

Министерот за администрација, пак, им порача на службениците строго да одржуваат лична и хигиена во просториите, да носат маски, да не се групираат, а да комуницираат телефонски или преку интернет.

„Службените интерни состаноци да се одржуваат преку алтернативен начин (интернет апликации за комуникација). Исто така, во сила е и веќе усвоениот протокол за одржување на работни состаноци“ – пишува Манчевски.

Од министерството за труд потврдуваат дека продолжува да важи мерката за ослободување од работа на родителите на дете до 10-годишна возраст, хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста