Министерот Димитров знаел за рекетот на Боки 13

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, знаел дека Боки 13 преку посредник од штипскиот бизнисмен и почесен конзул на Латвија Зоранчо Митровски барал 2 милиони евра за помош која Боки ја понудил, бидејќи бил осомничен на СЈО во случајот Поштенска Банка, и неколку други, ова денеска во судот го тврдеа сведоците на обвинителката Вилма Рускоска за случајот Рекет.

Непристојниот предлог стигнал од Боки 13, на еден состанок во 1тв, на кој биле кумот и адвокат на Митровски, Сашо Бошков, Боки 13, и кошаркарот Влатко Илиевски, сведочеше адвокатот. На истата средба Боки 13 пред да каже колку чини помошта за случајот „Поштенска Банка“ на телефон разговарал со жена чиј идентитет Бошков не можеше да го потврди со сигурност.

Во телевизијата Боки го запознал Бошков со Лазар, синот на Јанева. Парите не биле исплатени, а Митровски не пријавил ниту во полиција ниту во обвинителство, плашејќи се од како што рече моќта што во тоа време ја имаше СЈО. Како почесен конзул на Латвија, тој побарал помош од нерезидентниот амбасадор на Латвија во Македонија.

За помошта тешка 2 милиони евра, од амбасадорот на Латвија, бил информиран министерот за надворешни Димитров, тврдеше Митровски во Судот. По тоа амбасадорот го известил преку порака дека не очекува во иднина да го малтретираат од СЈО.

Денеска во Судот сведочеше уште еден бизнисмен од Гевгелија Томе Главчев и тој е осомничен во случајот на СЈО Поштенска Банка. Рекет не му побарал никој, но рекламата што неговата фирма ја платила на 1тв кај Боки 13 чинела 100.000 евра.

Судењето за Рекет продолжува в петок со сведочење на новинари и вработени во 1тв, а потоа сведоци ќе бидат обвинителите во СЈО, поранешни подредени на Катица Јанева.

Катерина Гетева

Advertisements