Министерката за одбрана ги разлути и србите, Вулин: Зошто Шекеринска не се слика и под кукаст крст?!

Шекеринска предизвика меѓународен скандал со фотографиите со обележја на УЧК на кои таа позира со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.Нејзиниот српски колега Александар Вулин со остра реакција. Вели дека да се позира пред симболи на терористи кои се виновни за убиства на стотина цивили, жени и деца и истоврмено да се тврди дека им се служи на граѓаните е исто лицемерно како некој да се слика под знамиња на исламска држава и да говори за верска толеранција.

Водејќи аналогија од позицијата на Шекеринска дека конфликтот од 2001 е далеку зад нас Вулин ја прашува и зошто не се слика под кукаст крст.

“Ако времето е доволно оправдување се да се заборави и знамињата под кои се правени ѕверства не се важни тогаш се прашувам зошто министерката Шекеринска не би се сликала под кукаст крст и да објасни дека поминале 75 години од вооружените судири и дека сега е време за добро управување”вели Вулин.

Шекеринска од Битола со објаснување. Била во општинска зграда и работела на тоа 2001 никогаш да не се повтори.

“Јас имам почит кон граѓаните и кога се среќавам со нивни официјални претставници јас влегувам во домот граѓански. Не влегувам во нивните лични домови. Моја обврска како министер за одбрана беше не беше да зборувам за минатото туку да ги лечам раните од минатото и да не дозволам никогаш 2001 да не ни се повтори”, изјави Шекеринска.

Министерката беше мета на жестоки критики во јавноста поради фотографиите кои се појавија на Фејсбук. Воени лица и ја критикуваа дека гази по гробовите на бранителите. А сопартијци и универзитетски професори и посочија дека треба да си ја признае грешката и да знае дека уставот забранува воени или полувоени здруженија кои не им припаѓаат на вооружените сили на Македонија.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста