Министерката за образование без коментар за ставовите на граѓанската иницијатива за евентуален бојкот на наставата

При денешната посета во Битола, министерката за образовение Мила Царовска пред новинарите не сакаше да ги коментира ставовите на граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има“, со кои се посочува дека доколку идниот референдум биде успешен, а нивните барања игнорирани од МОН, дека наставата на почетокот од новата учебна година ќе биде бојкотирана. Царовска одби да даде коментар, но затоа пак какви намери имаат за спроведување на реформите објаснуваше надолго и нашироко, што индиректно навести дека немаат намера да отстапат од она што го наумиле да го направат како образовни реформи. 

-Коментирање на демократски процеси загарантирани со закон и Устав од еден министер се ништо повеќе, од неумесни. Сите процеси кои се зацртани со планот за реализација на нопвата концепција за основно образование се спроведуваат во дадените рокови. Тоа кажува дека концепцијата е донесена, наставните програми за прво одделение  се донесени и објавени и за четврто одделение се донесени и објавени.  И во септемри месец одговорно и посветено да ја започнеме со нов концепт за прво и четврто  одделение – рече министерката за образовение Мила Царовска.

Во оваа лимбо ситуација, од граѓанската иницијатива пред два дена од АЛФА ТВ на Царовска и упатија порака, дека непочитувањето на евентуално успешен референдум, ќе доведе до бојкот на наставата.

-Ние воопшто нема  да застанеме. Доколку сето ова продолжи по нивниот терк, на први септември целосно ќе ја бојкотираме наставата, во основното и средното образовение- порача Драгана Спасевска од граѓанската иницијатива.

Министерката денеска  не даде одговор  ниту дали учениците  во септември ќе се вратат во училиштата. Во Постојана комуникација сме со премиерот Заев и министерот за здравство Филипче и с`е ќе зависи од здравствената ситуација, а сите параметри ќе бидат разгледани и одлука ќе има за неколку недели, рече Царовска.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста