Министери без компас, Битиќи пак се предомисли – професионалност, а не етникум ќе било пресудно за вработување

Секој ден различни изјави од исти министри. Денеска вицепремиерот за економски прашања се предомисли па рече дека не етничката припадност, туку професионалноста ќе пресудувала при вработувањата.

Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска го повтори својот став дека при вработувањето треба да доминираат професионалноста и квалитетот, а не етничката припадност.

  • Се залагам за конкурентна економија, а во конкурентната економија нема место освен за компетентноста и професионалноста на луѓето, рече Битиќи.

Претходно тврдеше дека ќе имало дебата за овие прашања, кои јасно биле пропишани во предизборната програма, од која не отстапуваат економските министри од албанскиот етнички блок во власта.

Дефинитивно е неблагодарно да се даваат државни пари за етнички вработувања, велат и работодавачите, зашто тоа било спротивно на законот за работни односи.

Никако да излезе со конечен став и премиерот. Секој ден ги збунува граѓаните со и бизнисот со различни пораки.

Скандалозната најава на Артан Груби за владини субвенции за вработување по етнички клуч и во приватниот сектор која ја потврди и премиерот Заев  ја збесна јавноста но и ги поремети односите во власта. Сепак и покрај бројните реакции на осуда власта не се повлекува од планот, кој бил и дел од програмата на владата.  

  • Неуставно е етничко субвенционирање на приватни фирми. Нема таков газда кој вработува по етнички однос. Неуставно е и готово, рече Заев.

Премиерот уверува дека нема газда на приватна компанија кој вработува етнички.

Додека се прави притисок врз приватните фирми да вработуваат луѓе од други етнички заедници со државни субвенции, 1.300 таканаречени рамковни кадри уште седат дома и земаат плата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста