Минатотонеделните протести не дадоа резултати, крадците во Кочани „оперираат“ и во полициски час

Минатотонеделните протести на стотината жители од Kочанската населба „Трајаново трло„ , со кои од полицијата и градоначалникот бараа да им обезбедат мирен сон, не дадоа резултати. Состојбата наместо да се стабилизира, таа ескалира. Полицискиот час не важи за крадците, гневни се од иницијативниот одбор  од каде што најавија нови масовни протести на кои ќе се приклучат жителите на уште две населби каде што деновиве кардците масовно оперират….

   „Состојбата наместо да се стабилизира , уште повеќе ескалира.  Секојдневно имаме по две до три разбиени куќи. Во моментот се договараме да преземеме поконкретни чекори. Во план сме да организираме нови масовни протести . Мора нешто да преземеме, бидејќи безбедноста овде е под нула„ – изјави Мирче Павлов од иницијтивниот одбор.

Полициски патроли речиси и да нема , децидни се мештаните кои за да ги заштитат своите имоти приморани се да дежурат во групи.  Со ваквите параполициски активности сношти жителите успеале да спречат поголема кражба..

„Дежураме   секоја вечер. Се организираме во групи. Никој не е безбеден. Не само на улица, туку и дома. Во нашето маало имаше обид за разбивање, но беше спречено од наша страна„ –изјави Павлов.

 Од СВР Штип контра жителите. Уверуваат дека на терен има засилени полициски контроли и едно од разбојништвата регистрирани вчера е расветлено. Истовремено ги советуваат граѓаните да престанат  со параполициски активности.

Минатата недела над стотина жители од Кочанскта населба „Трајаново трло„ се кренаа на нозе барајќи од полицијата да ги заштити од крадци и разбојници..

Александра Ристевска