Милвоки намали на 2-1 против Феникс во финалето на НБА

Кошаркарите на Милвоки со брејк на домашен терен намалија на 2-1 во големото финале против Феникс. „Елените“ третиот меч во финалната серија го добија со 120-100. Најголема заслуга има Антетокумпо, кој беше незадржлив со 41 поен и 13 скока. Гркот имаше одлична поддршка од Холидеј со 21 и Мидлтон со 18. За „Сонцата“ овој пат потфрли тандемот Букер и Пол, заедно искомбинираа само 31 поен. Неизвесноста е вратена, Милвоки има уште еден меч на свој терен во четврток во 3 часот наутро во битката за втора НБА титула по онаа во 1971 година. Феникс останува на две чекора до историски подвиг во најсилната кошарка на светот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста