МИЛВОКИ ИЗЕДНАЧИ СО БРУКЛИН И ПОЛУФИНАЛНАТА СЕРИЈА НА ИСТОКОТ ОД НБА ЌЕ ИМА МАЈСТОРКА

Милвоки возврати уште еднаш и полуфиналната конференциска пресметка на истокот мора да оди до крај, до мајсторка. Бакси го победија утринава Бруклин дома со 104-89 во шестиот меч и повторно по заслуга на дуото Јанис Адетокумпо-Крис Мидлтон кое комбинираше 68 поена. Милвоки в сабота оди кај Бруклин на меч да се биде или не, со тоа што Кевид Дурент е во врвна форма па и сега даде 32 поена, а за мајсторката Нетси се надеваат и на комплетен придонес на Ирвинг и Харден.