Mилвоки го победи Портланд и го презеде врвот од источната конференција во НБА

Милвоки имаше 18 офанзивни скока, а вообичано се потпре и на Јанис Адетокомпо кој забележа трипл дабл од 24 поена комбинирани со 19 фатени топки и 15 асистенции, и лесно го совлада Портланд со 137-129.

Освен овие два фактора Бакси кои сега со 12-3 се осамени лидери на истокот од НБА, го имаа и Ерик Бледсо со 30 поена што беше повеќе од доволно да се анулираат 37 коша на Си Џеј Меккалум.

Во вториот меч од скромната четврточна понуда во најсилната кошаркарска лига на светот Феникс загуби во Аризона со Њу Орлеанс со 124-121 што ги симна санси од седмото на осмото место на западот со егал од 7-7.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста