Милвоки го дели победа до големото НБА финале, прво по 1974

Кошаркарите на Милвоки поведоа со 3-2 против Атланта, и дојдоа на чекор до големото финале во НБА. Петтата финална пресметка на Исток ја добија на свој терен со 123-112. И во двата тима недостасуваа првите ѕвезди, Јанис Антетокумпо и Тре Јанг поради повреди.

Во една ваква ситуација, Брук Лопез ги предводеше Бакси со 33 поени, што е негов личен плеј-оф рекорд. Холидеј имаше 25 поени и 13 асистенции, Мидлтон заврши 26 коша и 13 скока и Портис заврши со 22 поени. Кај Атланта единствено Богдановиќ се одлепи со 28 поени.

Милвоки сега го дели победа до прво финале по 1974та година. Првата меч топка ја имаат во Атланта во недела. Феникс е првиот финалист годинава откако со 4-2 во победи го добија ЛА Клиперс. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста