Милошоски: Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии

Милошоски: Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии

Скандалот со М-НАВ уште еднаш покажа дека оние кои незаслужено станале обвинители и судии се тие кои ја рушат довербата во правосудството, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Посочува дека загрижувачки е што владата на ДУИ и СДСМ спрема уште стотина такви.

„Имено, на 22-ри јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители. Но, за да може оние од списоците на ДУИ и СДСМ да поминат со максимум бодови, владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено, наместо електронски.

Ова е спротивно на членот 39 од Законот за Академијата каде изрично е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а се со цел да не може некој од Управниот одбор на Академијата да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители.

Владата се брза да протне уште 100тина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување, стои во објавата на Милошоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста