Милошоски пушти нова „бомба“ и обвини дека Заев договарал одлуки на Врховниот суд (ВИДЕО)

Антонио Милошоски на денешната прес-конференција од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ емитуваше разговор на кој, наводно, се слуша гласот на екс-премиерот Зоран Заев.

Милошоски на пресот ја пушти „бомбата“, заедно со транскрипт од разговорот, и рече дека се слуша од снимката како Заев, со поранешната обвинителка Јанева, бил во дослух за сите нејзини одлуки. Аудио снимката Милошоски кажа дека ја добил од свиркач и додаде дека по ваков материјал, Заев треба да биде приведен или викнат на распит.

– Како премиер, во присуство на други лица, Заев дава експлицитно јавен исказ дека договарал одлуки со Врховниот суд, што е мешање во судската власт и флагрантно кршење на законите. Тој бил во тесна врска со Катица Јанева, која самоволно не можела да настапува. Јасно се гледа зошто му се брзаше на нелегален начин да се донесе законот за јавно обвинителство – рече Милошоски на прес-конференцијата.

– Заев и Јанева биле во содејство на блиски соработници за секоја нејзина одлука. Тој бил и Врховен судија и специјален обвинител – тврди пратеникот.

Во продолжение е аудио снимката и транскриптот кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ.

 

Интегрален текст од аудио записот:

ЗЗ. Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…

З.З. Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

З.З. Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.

З.З. Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал

З.З. Ова е политичка нбитка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега.

З.З. Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста