Милошоски: Грешката на Филипче беше што дозволи стратегијата за Короната да му ја води Коста Петров

„Грешката на Филипче беше стратегијата за короната да му ја води Коста Петров. Повеќе се даваше значење на ПР моменот. Тој повеќе се грижеше за тоа како ќе биде преставен во јавноста, отколку да се грижи за справување со заразата“ – нагласи Антонио Милошоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Тв.

Милошоски смета дека главниот проблем покрај министерот Филипче е и Комисијата за заразни болести за која ВМРО-ДПМНЕ бараше да се смени.

„Наместо да дејствува како министер тој се постави како портпарол на министерството за здравство што беше грешка. Расфрлањето со изјави за политичар е луксуз кој тешко може да си го дозволи во ситација кога имате портпарол кој може да згреши, а министерот е тука да го поправи “– рече Милошоски.

Целата емисија погледнете ја на следниот линк:

„ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ“ со Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, гостин:Aнтонијо Милошоски – поранешен министер за надворешни работи

Publiée par Alfa Televizija sur Mercredi 17 juin 2020

Поврзани вести