Милошоски до Џафери: Транспарентен си ко белоруско Собрание

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на својата фејсбук страница објави документи со кои, како што наведе, претседателот на Собранието Талат Џафери, наместо како Спикер се однесува како владин министер кој си ги штити колегите од пратенички прашања.

Во продолжение целиот статус на Милошоски:

Талат Џафери, наместо како Спикер се однесува како владин министер кој си ги штити колегите од пратенички прашања!Согласно ч.38 од Деловникот на Собранието институтот пратенички прашања е неограничено право на секој пратеник, во секое време, ви интерес на јавноста да постави прашање до секој владин министер. Пратеничкото прашање е и контролен механизам кон владата, но и тест за владината транспарентност кон пратениците и јавноста и нема ограничување за поставување пратенички прашања ни во првите сто, ни во последните 100 дена!

Но, Талат Џафери наместо да биде прв меѓу пратениците што имаат интерес да добијат одговори од владата, тој спротивно на Деловникот наликува како да е владин министер без ресор кој премиерот Заев и министерот Османи ги штити од две писмени поставени прашања на теми од јавен интерес:

1. Колку празни амбасади и конзулати има Македонија во овој момент? и

2. Дали согласно Договорот за стратешко партнерство САД-Македонија од 2008г., после потпишаниот Договор на Србија и Косово во Вашингтон, владата смета дека нашата амбасада треба да биде преместена од Тел Авив во Ерусалим?

Овие две пратенички прашања според Талат не смеело да се поставуваат во првите 100 дена!? Срамен обид за бегање од одговори.

Но, “честитки” за Вас министре Талат Џафери. Заев и Бујар би требало да ти дадат добар бакшиш за тоа како неделовнички ги браниш од можното вознемирување преку поставените прашања на пратениците. Транспарентен си ко белоруско Собрание!

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3653837411302365
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста