Милошоски, Бендевска и Митрески се потпретседатели на Собранието

Милошоски, Бендевска и Митрески се потпретседатели на Собранието

Антонио Милошоски, Весна Бендевска и Јован Митрески се потпретседатели на Собранието. Мнозинство од пратениците донесоа одлука, кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и СДСМ да го менуваат Африм Гаши. За Милошоски гласаа 69 пратеници, Весна Бендевска доби поддршка од 70 пратеници, а Митрески беше избран со 82 гласа за. Собранието изгласа и претседатели, членови и заменици на комисиите.

Овие предлози, согласно собранискиот деловник прво мораше да го поминат филтерот на Комисијата за избори и именувања. На оваа Комисија освен потпретседатели на Собранието и претседатели и членови на комисиите, се донесе решение за апанажа на уште седум поранешни пратеници, заедно со претходните 29, пари од Буџетот во следните шест месеци до една година ќе земаат 36 поранешни пратеници. Пари од државната каса побарале и добија и сите владини функционери кои не успеаа да станат пратеници во новиот состав на Собранието.

Тројца вработени во кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски исто така побарале апанажа, но беа одбиени бидејќи не биле избрани од Собранието.

Инаку идната недела се очекува мандатарот Христијан Мицкоски да го поднесе предлог владиниот кабинет во Законодавниот дом, а веќе следниот викенд да се гласа новата политичка влада.

https://youtu.be/I8f82AfKuE8
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )