Милионски тужби од избрканите инвеститори, Бектеши уверува дека ќе победиме во арбитражните постапки

Едните ги губиме, други ќе субвенционираме да инвестираат кај нас. Владата планира да им даде финансиска инјекција и до 50% од вкупната сума на стратешките странски инвеститори, во исто време кога над глава и висат милионските тужби на Хеленик Петролеум, како и на несудените вложувачи во рудниците Казандол и Иловица. Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека Владата веќе имала ангажирано адвокати и преговорите со некои од компаниите биле во тек. Уверен е дека Владата ќе излезе како победник во овие спорови.

Истовремено додека Владата се обидува да преговара да не плаќа високи пенали кон вложувачите кои си отидоа од земјава, промовира нов закон за стратешки инвестиции кој се обидува да го протурка ред избори. За стратешки проекти ќе се сметале вложувања од најмалку 100 милиони евра на територијата на цела држава, односно инвестиции од 50 милиони евра во градски и 30 милиони во рурални подрачја. Министерот негира дека законот се носи бидејќи владата е незадоволна од нивото на странски инвестиции.

Само 131 милион евра до септември лани влегоа во земјава како странски инвестиции. Ова неколкукратно помалку од рекордната 2018-та година што заврши со над 600 милиони евра вложувања од странски компании.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста