Милица Тодоровиќ и Славица Чуктараш позитивни на корона вирусот

Пејачката Милица Тодоровиќ е позитивна на коронавирус, пренесуваат српските медиуми.

Последните неколку денови Милица го помина времето во друштво на Славица Чуктараш за која денес се потврди дека е исто така позитивна на коронавирусот.

“Направив тест во исто време со Славица затоа што последните денови бевме заедно, а истиот е позитивен”, вели пејачката.

Таа додава дека до вчера се чувствувала добро и не знаела дека има коронавирус, а денеска започнала да ги чувствува првите симптоми и температура.