Милевски за Алфа: Да му порачам на Заев дека во Германија либерал-демократите се во опозиција

Провидна игра е предлогот на Зоран Заев за широка влада во која тој ќе одбира кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата смета дека владата на Заев е разнишана и затоа тој бара сламка за спас на неговата и кариерата на тие околу него. Предлогот за влада дојде само три дена откако се храбреа во собранието со тенкото мнозинство, а ден потоа немаа кворум, вели потпретседателот Мисајловски.

“И Заев и СДСМ и сета јавност треба да знаат дека пактови со мафија нема, ниту пак ќе поддржиме. Прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност. ВМРО-ДПМНЕ единствено му должи на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба за подобра Македонија. И затоа се ќе сториме ним да им се оддолжиме и сите заедно да направиме влада која ќе биде сервис на граѓаните. Влада која ќе биде од народот за народот и никако поинаку.

Освен кај опозицијата предлогот на Заев наиде на отпор и кај неговите коалициски партнери. Ниту ДУИ ниту ЛДП не го поддржаа. Ахмети изјави дека улогата на опозицијата секаде треба да биде критика на власта. Лидерот на либералдемократите Горан Милевски на Фејсбук излезе со коментар”Ако сакаат и нека се земат, ЛДП на таква свадба нема да присуствува”. Во изјава за Алфа Милевски вели”Бидејќи Заев во интервјуто го спомена примерот со Германија и Швајцарија да му порачам дека либерал-демократите во Германија се во опозиција”

Заев предлогот за заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ го даде во интервју за утрински брифинг. Во политичкие кулоари шпекулациите се многубројни. Дека сакал да ја подели одговорноста за состојбата со пандемијата, блокадата од Бугарија, економскиот колапс. Иако Заев изјави дека идејата му е намалување на поделбата во општеството, департизација на администрацијата и сузбивање на клиентелизмот во судството.

Лидерот на опозицијата Мицкоски го одби предлогот. Порача, сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор! и овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. ќе бидете победени, тоа ви го ветувам. македонската пролет доаѓа“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста