Миле Зечевиќ, причина за разрешувањето на директорот на охридската болница?

Партиски неподобен доктор Горан Балев кој сред пандемија две години ја менаџираше охридската општа болница, разрешен е од раководната фунција затоа што,како што самиот тврди, во неколку наварати одбил да се сретне со генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ како и со челниците од охридскиот огранок.Јас немам партиска клишка од нити една партија вели Балев,од тука,немам и за што да разговарам со луѓе кои не се од медицинската фела.Балев отворено зборуваше за блокираната жиро сметка,нерегистрираните возила  за транспорт и долгот од над 3,5 милиони евра.

Тоа на граѓаните на крајот на криштата не ги интересира, јас не можам да им речам во загуба сме. И не знам од каде таа математика на државава дека треба ние нон стоп со математики да се занимаваме, па пожарна не добива сретства колку куќи ќе изгасни,или полиција колку казни ќе напиши ние сме дражавна установа. Медицината е аскетска работа,или работиш и живееш како војник, или замини си.Медицината не признава ни пријатели,ни партии ни врски вели д-р Горан Балев.

И покрај тоа што од 520 вработени во болницата само 70 се лекари специјалисти и тоа најголем број од вработените се немедицискки кадар со потполо несоодветно образование,Балев обзнани дека целиот оперативен блок се потпира на само неколку доктори, останатите-нишај врата,земај плата,месечно виткаат приходи во висина од 100.000 денари.

Точно,имаме и луѓе кои не знаат каде е операционата сала, тоа е точно.По бројките се знае, имаме луѓе кои што дали годишно ќе направат 10 операции.Ако во едната сала тука работиме од лапараскопски операции на бубрег, до се’ не може во ушната сала која што е до нашата да не влегува ни човек, а примањата се исти.И тука има големи несогласувања, бидејќи на 10-ти ние платата ја земаме вели д-р Горан Балев.

Со 6 лекари,помалку од 10 операции годишно,се вршат на одделението за уво нос и грло од каде доаѓа и новиот директор на болницата доктор Асен Шаин,кој е врабен од 2016 годишна,но како специјалист се вратил во болницата во 2020-та година.Не само поо партиска линија, неговото презиме е познато во охридската јавност, бидејќи и неговиот татко долги години беше директор на охридската болница која е во очајна состојба повеќе од 3 децении. 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста