Миле Јовановски: Зоран Заев го контролира и судтвото и Обвинителството, тој стои позади „Рекетот“

Премиерот во оставка, Зоран Заев бил главен во рекетарската шема во Македонија и изнудувал пари од десетици бизнисмени, тврди таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски во интервју за порталот А1 ОН. Главната причина за нападот врз семејството Јовановски била за да се сокријат вистински виновници, а Бојан Јовановски алијас Боки 13 бил само посредник на рекетот во Македонија.

  • Рекет беше да се сокријат вистинските виновниции.. Прв на чело се знае, оној кој не сакаше да се дојде до негова близина, а тоа е Зоран Заев. Главната причина беше да се скријат главните. Рекет е направен политички и да се уништи СЈО“ – вели Јовановски.

Јовановски постариот вели дека не знае каде завршила фамозната торба „Луј Витон“и оти тој таа торба воопшто ја нема видено, а тоа го немало ниту во обвиителниот акт за судскиот процес „Рекет“.

  • „Кај се парите, еве јас прашувам, кај се парите. Јас не можам да тврдам што имало во ташната, ниту сум бил, ниту знам. Можам хипотетички да кажам имало пари, можам да кажам дека нема пари. Ако имало списанија, како можело да собере и толку пари. Дајте снимка каде Бојан зема пари, каде ги бројат парите”, тврди Јовановски.

Јовановски се плаши за животот на неговиот син бидејќи како што вели повеќе пати добивал пораки со закани дека Боки 13 ќе заврши лошо.

  • „ Се плашам за мојот син. Најмногу кога беше во истражниот затвор, затоа што имав дојава од близок човек во правосудните органи дека имало, ми цитираше пораки, дека нема да излезе жив од затворот, дека ќе го убијат итн“, вели Јовановски за „А1он“. Мислам до толку ниско да падне Зоран Зеев нема, ама може се од брат му. Не сум сигурен. Затоа што и брат му е е смешен во сите овие криминални активности, и рекети и мекети… -вели татко му на Бојан.

Заев во целост го контролирал правосудниот систем одлучувал кој ќе оди во притвори и во затвор, а Јовановски тоа го гарантира со главата. Тврди дека бил излажан од „шарената револуција“ како симпатизер на Соцјал-демократите, а „шарените“ биле начин мафијашката фамилија да дојде на власт.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста